27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку заработува најмоќната жена во светот

Колку заработува најмоќната жена во светот

4256756795400767b0c173594894389_640x395

Богатството на претседателката на Управата на федерални резерви на САД (ФЕД), Џенет Јелен се проценува на повеќе од 5,2 милиони долари.

Според проценката на Канцеларијата за етика на американската влада, Џенет Јелен поседува богатство вредно помеѓу 5,2 милиони и 14 милиони долари.

Вклучувајќи ги и акциите кои ги поседува таа во инвестициските фондови, приходите од пензијата која ја стекнала како универзитетски професор, платата која ја добива на новата функција, како и вредната колекција на поштенски марки, пренесуваат белгиските медиуми.

jelenzakletva1

Претседателката на ФЕД поседува акции и обврзници вредни неколку милиони долари, како и капитал во неколку познати американски компании.

Покрај тоа, нејзината годишна пензија како унверзитетски професор изнесува 100.000 долари.

Вредноста на колекцијата поштенски марки е проценета на меѓу 15.000 и 50.000 долари.

Годишната плата на претседателката на ФЕД, која на оваа функција стапи во март оваа година, изнесува 201,700 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП