8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе превезени патници во патниот и авио сообраќајот

Повеќе превезени патници во патниот и авио сообраќајот

Avtobuska stanica 23

Повеќе превезени патници во патниот, градско-приградскиот и во воздухопловниот патнички превоз, евидентирал Државниот завод за статистика во второто тримесечје од 2014 година во споредба со истиот период лани. Намалување е регистрирано во железничкиот патнички превоз.

Во вториот квартал од годинава во патниот-патнички превоз се превезени 1.711.000 патници што е за 3,8 отсто повеќе во споредба со истиот период од 2013.

Зголемување од 5,9 отсто е регистрирано во градско-приградскиот превоз, кој го користеле 22.000.000 патници.

Во воздухопловниот превоз бројот на превезените патници изнесува 349.626, или 26,2 отсто повеќе од лани.

Во железничкиот превоз се превезени 191.000 патници што е за 23,6 отсто помалку од минатата година.

Од ДСЗ информираат дека во истиот период споредено со второто тримесечје од 2013, количеството на превезената стока во товарниот-патен превоз е намалено за 1,6 отсто, во железничкиот превоз за 2,4 отсто, додека во воздухопловниот превоз има зголемување за 15,8 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП