27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на невработеноста во Италија

Раст на невработеноста во Италија

italija4

Стапката на невработеност во Италија во јули изнесуваше 12,6 проценти од активното население, што е за 0,3 проценти повеќе отколку во јуни, наведува Институтот за статистика на Италија – ИСТАТ.

На годишно ниво, стапката на невработеност е зголемена за 0,5 проценти. Според прелиминарните податоци 3,22 милиони луѓе во јули биле без работа.

Стапката на невработеност меѓу активното население од 15 до 24 години е 42,9 проценти, што е помалку за 0,8 проценти во однос на јуни, но за 2,9 проценти повеќе на годишно ниво.

Според податоците на ИСТАТ, во вториот квартал стапката на невработеност изнесувала 12,3 проценти, што е за 0,2 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година.

Кога е во прашање нивото на невработеност кај активната машка популација, во јули е задржана стапката од 11,5 проценти, додека кај жените од 12,8 проценти е зголемена на 13,4 проценти.

Институтот наведува дека се очигледни и територијални разлики, така што стапката на невработеност во северниот дел од Италија е 8,4 проценти, додека на југот од земјата таа изнесува 20,3 проценти, пренесува агенцијата АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП