19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе продава најголемото лозје на Медитеранот

Се продава најголемото лозје на Медитеранот

plancic1-nas

Хварската Винарија Планчиќ, компанија која е сопственик на најголемото лозје на Медитеранот, ставена е на продажба. Друштвото за реосигурување Croatia Loyd, кое работи во склоп на неодамна приватизираната компанија Croatia Osiguranje, објави јавен повик за продажба на своите 51 отсто од акциите во компанијата и најави можност дека тие ќе бидат продадени на „било кој што има основна дејност производство на вино“ или едноставно на оние кои имаат доволно пари.

Семејната компанија на тројцата браќа Планчиќ постои речиси три децении и постепено се развивала до средината на 2000-та година, кога во времето на премиерот Иво Санадер сопствениците нагло ги зголемиле своите амбиции. Посакаа наместо на откупуваат  туѓо грозје да имаат свое, а од државата после неколку години мачење успеаа да добијат концесија на дури 261 хектари земјиште на врвот на островот, каде што никнал најголемиот вински комплекс на Медитеранот. Проектот бил тежок 150 милиони куни, а било предвидено засадување на 1,6 милиони дрвца винова лоза, од кои би се произвеле еден милион и половина шишиња вино со врвен квалитет и би се остварил приход од 25 до 30 милиони евра годишно.

Од тука веќе почнуваат проблемите. Браќата Планчиќ најпрво влегоа во сопственост на државно земјиште пред потпишувањето на службеноста, неконтролирано инвестираа во набавка на нови машини и багери за чистење на урнатините, а за тоа користеле прилично неповолни кредити.  Кога стигнале до засадени 30 хектари, почнале да им недостасуваат пари. Тука излезе во пресрет Croatia Loyd со докапитализација од 7,5 милиони куни (980.000 евра) во 2009 година, некои од кредитите беа реструктуирани, но и понатаму му го отстапи раководството во винаријата на Антун Планчиќ, инаку почесен конзул на Република Словачка во Хрватска. Во следните четири години само се нижеа дополнителни проблеми.

plancic2

Вистинската пресметка помеѓу Планчиќ и Croatia Loyd настана кон крајот на минатата година, кога целото семејство беше отпуштено од сопствената компанија и од двете страни започнаа да се испраќаат кривични пријави. Новиот мнозински сопственик за директор го постави Томислав Тукиќ, претприемач од Сплит и основач на неколку инвестициски фондови, кој наводно, откри огромен број на неправилности: двојно книговодство, постоење на уште едно “скриено лозје”, како и влечење на пари од фирмата во кеш од банкомати. Имено, сите тројца браќа  дневно земале од компанијата по десет илјади куни, што достигнало сума од неверојатни 2,7 милиони куни (355.000 евра). За неколку години, додека мнозински сопственик беше Croatia Loyd и управувале браќата Планчиќ, приходите драматично биле намалени.

Од друга страна, Антон Планчиќ поднесе неколку кривични пријави против Тукиќ и мнозинскиот сопственик, и тврди дека во позадина на отстранувањето на неговото семејство од компанија стои можноста да се градат луксузни вили на вредното земјиште. За договорот за  докапитализација со Croatia Loyd тврди дека е „лихфарски“ бидејќи им дава посебни права, се додека не се отплатат од добивката на винаријата нивните 7,5 милиони куни, плус камата од 6%. Тој вели дека и во мандатот на Тукиќ компанијата е оштетена за милион куни, а најави и дека ќе се бори за винаријата до крај. Но за чудо овие денови никаде го нема човекот.

Двете страни, како што дознавме, десетина пати биле на разговор во полицијата и во државното обвинителство. Томислав Тукиќ ја напушти винаријата Планчиќ пред повеќе од еден месец, на речиси половина мандат, незадоволен затоа што Croatia Loyd и Croatia Osiguranje не го следат сопствениот програм. Компанијата сега треба да се продаде, или да се направи реструктуирање на кредитите и да се доинвестираат од 8 до 10 милиони куни за да излезе компанијата од ќор-сокак и да почне да прави профит. Оваа осигурителна компанија не покажа воопшто интерес за Хвар во последните четири, а нејзините претставници на островот речиси воопшто не се ни појавувале, иако поседува 51 отсто од акциите.

Компанијата Croatia Loyd неодамна, заедно со Croatia Osiguranje е продадена на Adris Grupa и најавено е нејзино затворање, и се чини дека една од најголемите хрватски компании навистина нема интерес во развојот на винскиот бизнис на Хвар. Официјално, се бара стратешки инвеститор кој ќе инвестира дополнителен капитал и ќе ка развие винаријата Планчиќ. Неофицијално, целосно излегуваат од оваа компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП