9 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСтанете свесни за својата вредност

Станете свесни за својата вредност

68826906353fdeaf839382134071589_orig

Американската новинарка и ТВ водителка Мика Брзезински ја напишта книгата „Knowing You Value“, за како што вели, сите жени кои, како и таа, константно се потценуваат, без оглед дали станува збор за кариерата или љубовта.

„Кога ќе станете свесни за своите квалитети и кога ќе почнeте да се однесувате во согласност со нив, и другите ќе почнат да ве уважуваат“, советува Мика која додава дека тогаш успехот на сите полиња ќе ви биде загарантиран.

Оставете добар впечаток бидејќи тоа што немате искуство не значи дека немате никаков потенцијал. Покажете им на своите надредени дека сте подготвени и сакате да учите и дека не ви е тешко да работите.

Дури и ако добиете помала задача направете ја најдобро што можете бидејќи и во таа задача вие сте на тест.

Не би требало да му дозволите на шефот да влезе во улогата на „лошото момче“. Постојат жени кои постојано се трудат да бидат прекрасни кон својот партнер со надеж дека тој наскоро ќе ги запорси, а тој тоа бескрајно го користи.

Така ни на својот шеф не треба да му бидете постојано на расолагање, бидејќи тој тоа може да го искористи. Затоа поставете ги границите навремено, и дадете и на околината до знаење дека се цените себеси.

Држете се до своите ставови, не навлегувајте премногу во расправи и почитувајте ги колегите, но првенстено не дозволувајте другите, со оглед на тоа што немате големо искуство, да ве сметаат за глупави или неспособни работници. Ценете се!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП