Ембаргото на Русија на увозот на стока од земјите на ЕУ, белгиската економија ќе ја чини околу 165 милиони евра.
Поради руската забрана на увозот на земјоделски производи од Белгија, околу 3.000 лица во Белгија би можеле да останат без работа, сметаат белгиските економисти.
Бројот на отпуштените работници во ЕУ, поради економските контрамерки на Русија на претходно воведените мерки кон Москва, може да достигне 130.000, најмногу во Полска, околу 23.000, пренесуваат белгиските медиуми.
Во Германија таа бројка би можела да достигне 21.000, а во САД 11.000 работници. Руското ембарго во Белгија најмногу ги погоди производителите на свинско меско и крушки.