3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален обемот на кредитирање во еврозоната

Намален обемот на кредитирање во еврозоната

evrozonata559

Обемот на кредити одобрени во приватниот сектор на еврозоната, кој е индикатор за здравјето на економијата, е намален во јули во однос на истиот месец претходната година, соопшти ЕЦБ.

Обемот на кредити одобрени на претпријатијата и домаќинствата е намален за 1,6 проценти на годишно ниво, во однос на падот од 1,8 проценти во јуни, наведува ЕЦБ, пренесува агенцијата Франс прес.

Долготрајната и сериозна финаниска криза во 18. земји членки кои како валута го користат еврото доведе до тоа кредитите речиси да пресушат.

Вкупниот обем на пари во оптек, кој ЕЦБ го смета за индикатор за идната инфлација, минатиот месец порасна за 1,8 проценти на годишно ниво, по растот од 1,6 проценти во јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП