3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПреговорите пропаднаа, пилотите штрајкуваат

Преговорите пропаднаа, пилотите штрајкуваат

lufthansa pilotii

Германската авиокомпанија „Lufthansa“ соопшти дека не успеале преговорите со синдикатот на пилотите „Cockpit“, со цел да биде избегнат штрајкот најавен за денес.

Сидикатот на пилотите на нискобуџетната компанија „Germanwings“, која работи во составот на „Lufthansa“, најави дека денес од 6.00 часот наутро ќе биде организиран штрајк.

Штрајкот се однесува на летовите на компанијата „Germanwings“ од сите германски аеродроми, се наведува во соопштението на синдикатот, пренесува агенцијата АФП.

Од компанијата „Lufthansa“ е соопштено дека ќе бидат преземени сите мерки за патниците на „Germanwings“ да пристигнат до посакуваните дестинации.

Синдикатот „Cockpit“ претходно ги прекина преговорите со раководсвото на „Lufthansa“, за условите за заминување во предвремена пензија на пилотите на германската компанија и се закани дека ќе стапи во штрајк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП