3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата на Крим четири пати повисока од рускиот просек

Инфлацијата на Крим четири пати повисока од рускиот просек

krimkrimnv80ew4yrf8032

Растот на цените на Крим во периодот јануари-јуни 2014 година достигна 21 проценти, а во Севастопол 16,6 проценти, што значително ја надминува просечната инфлација во Русија која во тој период изнесуваше 5,3 проценти.

Раководителот на руската Aгенција за статистика Рос-стат, Александар Суринов, укажа дека тоа е така поради балансирањето на цените. Во последно време сериозно се зголемени платите и приходите на жителите на Крим.

Тоа сега се одразува и на цените, бидејќи повеќе нема граница, Крим и Севастопол се дел од националниот руски пазар, објасни шефот на Рос стат.

Тој додаде дека во оваа година податоците за Крим и Севастопол сеуште нема да бидат вклучени во општиот индекс на цените во земјата, бидејќи податоците се обработуваат за цела година. На тој начин, според Суринов, податоците за Крим и Севастопол ќе бидат вклучени во рускиот индекс на цените од почетокот на 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП