3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворен маркет на „Карфур“ во Тетово

Отворен маркет на „Карфур“ во Тетово

carrefour trgovski

Во трговскиот центар „Рем Мол“ во Тетово денеска е отворен новиот маркет на „Карфур“ во Македонија. Зафаќа површина од 1.200 метри квадратни и во него има отворено 42 нови работни места.

Отворањето на новиот „Карфур маркет“, втор во земјата, ја потврдува нашата посветеност за градење долготрајни односи со купувачите на кои им нудиме производи со квалитет и конкурентни цени. Истовремено ова е можност и за вработување на локалната заедница.

Нашата цел останува уште повеќе да инвестираме во локалниот пазар, да ја прошируваме мрежата и да употребуваме што повеќе локални производи, изјави Јоргос Вогијацакис, заменик генерален директор на Маринопулос С.А., ексклузивен претставник на „Карфур“ за југоисточна Европа.

Според извршниот директор на ЦМБ Балканс од Скопје Паскал Бековски, новиот маркет во Тетово ја покажува посветеноста за подршка и развој на локалната економија.

За сопственикот на „Рем Мол“ Шефки Идризи, маркетот е само епродолжение на заложбите за ново шопинг искуство за купувачите и отворање работни места што е и цел на компанијата „Ренова“ за развој на општина Тетово, нејзините институци и поширок регионален развој.

ЦМБ Балканс од Скопје е компанија на Маринопулос С.А. што го претставува Карфур во Тетово и Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП