28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе намали деловната доверба во Франција

Се намали деловната доверба во Франција

francuzijndui2yr823r

Деловната доверба во Франција во август е влошена во однос на претходниот месец, а најпогодени се секторите за трговија на мало и градежништвото.

Индексот на економската клима (ESI) во Франција во август е намален за два поени на 91 поени во однос на јули, соопшти Заводот за статистика во Франција, ИНСЕЕ. Тој индикатор е значително понизок од својот долгорочен просек од 100 поени, пренесува агенцијата АФП.

Деловната доверба во преработувачката индустрија е намалена на месечно ниво за еден поен на 96 поени.

Во услужниот сектор ESI е намален од јулските 94 на 93 поени во август.

Најголем пад на индексот на економската доверба, за дури девет поени на 90 поени, е забележан во трговијата на мало.

ESI во секторот за градежништво во август се намали за еден поен на 89 поени, откако и во јули забележа пад од два поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП