19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУспешна година за осигурителните друштва

Успешна година за осигурителните друштва

Home-Insurance-3

Бруто премија од 7,19 милијарди денари, зголемен број на продадени полиси, пораст на профитабилното работење, капиталот, активата и финансиските вложувања. Ова е билансот од работењето на осигурителните друштва минатата година.

Како што рече денеска Миле Поповски од Агенцијата за супервизија на осигурувањето, овој сектор во 2013-та бележи и зголемен број на вработени. Првпат по четири години, осигурителните друштва покажуваат позитивен финансиски резултат, но тоа, додаде, не значи дека претходно прикажаните загуби се поради неуспешно работење.

„Минатата беше уште една успешна година за осигурителната индустрија која повторно евидентира позитивни движења. Пораст се забалежува и во неживотното и во осигурувањето на живот, остварената бруто премија е 2,56 отсто поголема во однос на онаа во 2012-та, а нивото на капитал е 4,67 милијарди денари или четири пати повеќе од минимално потребното ниво“, посочи Поповски, презентирајќи ги состојбите пред собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Ова покажува дека осигурителните друштва се доволно солвентни, со доволно адекватен капитал што овозможува во секое време да одговорат на преземените обврски. И покрај ваквите параметри, оцени Поповски, осигурителната индустрија е се уште во рана фаза на развој, а тоа значи дека има голем потенцијал.

Во осигурителната индустрија моментно работат 1.600 лица, а дополнително се ангажирани уште 1.000. Порастот на вработеноста е 10 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП