6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаконски измени за поголема одговорност на ревизорите

Законски измени за поголема одговорност на ревизорите

revisorguide-forside

Трајно одземање на лиценцата за работа ако ревизорите не ги почитуваат стандардите и прописите, предвидуваат законските измени што денеска во прво читање ги прифати собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Како што рече заменик министерот за финансии Ардијан Џеладини образложувајќи го предлог текстот, измените се во насока на зголемување на одговорноста и транспарентноста на ревизорите, друштвата за ревизија и овластените ревизори трговци – поединци.

„Одговорноста на ревизорите се зајакнува и преку дефинираните глоби за давање неточен или некомплетен финансиски извештај со кој може да се предизвика заблуда, а оттука и штета на трети лица“, нагласи Џеладини.

Согласно измените, ако направат какво било штета при нивните контроли, ревизорите се должни да ја надоместат со плаќање 30.000 до 400.000 евра зависно од приходот што го остварил субјектот на ревизијата претходната година.

Новина е и тоа што сите извештаи за звршените контроли над работата на ревизорите, ќе се објавуваат на интеренет страницата на Институтот и Советот за унапредување и надзор на ревизијата.

Комисијата за финансирање и буџет заседаваше во отсуство на членовите од ДПА кои вчера, по инцидентот со колегите од ДУИ, најавија дека ќе ја напуштат работата на Собранието.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП