3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавите од АСЕАН и натаму ја одбегнуваат глобалната економска криза

Државите од АСЕАН и натаму ја одбегнуваат глобалната економска криза

aseannationsflagsinjakarta3-620x320

Дессетте држави од југоисточна Азија, кои го сочинуваат АСЕАН, не ги почуствуваа во голема мерка последиците на светската економска криза, соопштија министрите за економија на овие држави по редовниот годишен состанок одржан во административниот центар на Мјанмар Нај Пуи Тав.

Стапката на економски пораст на ниво на Асоцијацијата во последниве три години се движи меѓу 6 и 9 посто, а само меѓусобната стокова размена во 2013 е зголемена за 12 посто и изнесувала 726 милијарди долари.

На министерскиот состанок за економска соработка, на која учествуваа и министрите за економија од Кина, Јапонија и Јужна Кореја бил донесен заклучок за зголемување на меѓудржавните инвестиции во рамките на АСЕАН, кои во минатата година изнесувале 57 милијарди долари.

Столб на регионалниот економски развој на АСЕАН ќе биде прогласувањето на заедничката економска унија, што треба да биде формално прогласена на крајот на 2.015 година. Оваа Унија, што ќе дејствува речиси идентично како Европската Унија, ќе опфати население од 600 милиони жители и вкупен БДП од девет илјади милијарди долари. Придобивките од Унијата и обврските од неа ќе ги имаат Филипините, Малезија, Сингапур, Бунеи, Индонезија, Мјанмар, Лаос, Тајланд, Виетнам и Камбоџа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП