3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХОТАМ: Задоволувачки крај на туристичката сезона во Струга

ХОТАМ: Задоволувачки крај на туристичката сезона во Струга

struga drim12

Туристичките капацитети на струшкото крајбрежје се исполнети и крајот на сезоната е задоволувачки, оцени заменик претседателот на ХОТАМ Крсте Блажески.

„Имаше неколку причини зошто јули не беше баш најдобро, но еве крајот на сезоната покажува задоволителни резултати, капацитетите на охридско-струшката ривиера се исполнети. Мислам дека и понатаму вака ќе се продолжи. Ќе ги имаме во предвид очекувањата за следната година, како треба да се подготвиме и кои понуди да ги издадеме“, рече Блажески.

Тој посочи дека имаат посебни програми со факултативни излети што им ги нудат на гостите.

„Нудиме тури од еден до 50 гости, кои може да се носат во околината да посетуваат знаменитости, објекти… Имаме планински туризам нудиме ресторани, посебни плажи и други места и предели на Охридското Езеро. На располагање се 50 такви излети, појасни Блажески.

Годинава, како и претходните, најбројни се гостите од Холандија, потоа од Турција, Грција, Србија, Албанија, а во јули добар дел од капацитетите биле исполнети со норвежани.

„Со домашните гости сме на исто ниво како лани, кое не беше задоволително, но сепак се задржува. Мислам дека имаше негативна кампања за Охрид и Струга. Беа објавени цени за кои неможам да тврдам дали се точни или не. Цената е само нешто што треба производот да биде платен. Мислам дека нудиме многу подобри производи и тие цени не се прескапи, нив ги плаќаат странците. Треба да се запрашаме дали истиот квалитет го добиваме во околните земји за платените цени“, рече Блажески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП