2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомпании од Испарта, Турција, на бизнис средби во Скопје

Компании од Испарта, Турција, на бизнис средби во Скопје

Macedonia-Turkey

Турски компании задутре доаѓаат во Скопје на средби со македонски фирми за воспоставување билатерални деловни контакти.

Потенцијалните деловни партнери се од регионот Испарта, познат по производство на руди и мермер, репроматеријали за градежништво (цемент), рози и суровини – екстракти од рози за повеќе индустриски намени, овошје и зеленчук, особено јаболка и цреши, хемиски материјали и текстил.

Бизнис форумот го организираат Стопанската комора на Македонија и Регионалната индустриска комора на Испарта, Република Турција.

По завршување на официјалниот дел, планирани се билатерални разговори меѓу компаниите од повеќе стопански сектори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП