9 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да разговарате со шефот во 6 „незгодни“ ситуации

Како да разговарате со шефот во 6 „незгодни“ ситуации

68333_profimedia0078045511_630x0

Повремените несогласувања на работното место се неизбежни и со колегите и со шефовите, бидејќи со нив поминувате многу време. Несогласувањето зависи и од структурата на личностите, но и од стилот на комуникацијата. Ние ви предложуваме како да реагирате, од перспектива на вработен, на најдобар можен начин за вас и вашата кариера.

Очекувања

Проверете што навистина бара од вас шефот, кои се неговите очекувања. Побарајте со примери да ви објасни што треба да биде вашиот придонес.

Поделба на задачите

Кога ќе добиете некоја задача, запишете. Проверете ги сите детали што треба да ги направите, како, до кога и зошто. Ова е важно бидејќи секоја ситуација која не е јасна е потенцијално опасна и може да доведе до несакано спотивставување на мислењата.

Рокови

Ако рокот за некоја задача е краток или нереален побарајте повеќе време. Со цврсти аргументи зошто е тоа невозможно да се заврши во зададениот рок, предложите колку време ви е реално потребно.

Приоритети

Ако шефот во краток временски период ви зададе повеќе задачи, за кои вели дека се итни и важни, не превртувајте со очите и не го држете бесот во себе. Потсетете го шефот на веќе постоечките адачи, побарајте листа со приоритети и не се согласувајте со одговорот дека сите се важни.

Преспијте ја одлуката

Ако случајно излезете од колосек, запишете се што се случило, до детали. Преспијте, па наутро повторно размислете како треба да реагирате.

Емпатија

Колку што е можно почесто обидувајте се да го разберете својот надреден и позицијата која ја има во однос на целата компанија.

Мислењето на шефот мора да се почитува, вие нема секогаш да се согласувате со него, но тоа не значи дека треба да се расправате за секој проблем. Во ред е да предложите некое ново решение, но доколку тој „тврдоглаво“ останува на своите ставови, тогаш послушајте го, сигурно има причина зошто е тоа така.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП