28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржави кои се вистински зависни од туризмот

Држави кои се вистински зависни од туризмот

popo

Некои земји во светот вложуваат многу напори и средства со цел да ви докажат дека кај нив ќе ја добиете вистинската вредност за дадените пари, бидејќи повеќето од нив во најголема мера зависат од туризмот.

 

juzna a
Јужна Африка

Оваа земја е богата со природни убавини, плажи, споменици и градби, кои привлекуваат милиони посетители годишно од целиот свет. Дури 50 отсто од БДП доаѓа од туризмот.

 

anguila
Ангвила

Ова преубаво место се уште е под британско знаме. Популарно е пред се кај младите туристи, бидејќи тука забавата никогаш не престанува. Без разлика дали до доцна во ноќта или среде бел ден, секогаш ќе наидете на некој вид забава, а 55 отсто од БДП доаѓа од туризмот.

 

italy
Италија

Италија само по себе е доста развиена земја. Преубави градови, прекрасна природа и сочувани историски обележја ја прават оваа земја магнет за туристите. И историјата направила оваа земја да биде мошне омилена меѓу туристите. Дури 60 отсто од БДП доаѓа од оваа стопанска гранка.

 

japan
Јапонија

Јапонија е голема стопанска сила пред се поради напредокот во технологијата, но и големиот број туристи го прават своето. Сето тоа е благодарение на богатата историја, која и до ден денес е прекриена со доза на мистицизам.

 

france
Франција

Овој народ успеал да претвори во пари се што му е дадено на негова територија од прекрасната природа, величенствените лозја, сирењата. Се што ќе допрат Французите станува магнет за туристите. Богатата историја само е дополнителен плус. Главното место за францускиот туризам е Париз, кој секоја година го привлекуваат милиони посетители.

 

bermuda
Бермудски острови

Каде на друго место да ги потрошите своите пари на луксузен одмор, ако не на Бермудските Острови. Преубава природа, песочни плажи, кристално чиста вода се нештата околу кои се врти целата приказна. Кон тоа додадете ги величенствените ресторани и домашната кујна и добивате покривање на БДП со 76 отсто од страна на туризмот.

 

New-York
САД

Холивуд е мошне заслужен за популарноста на САД меѓу туристите. Нема човек, што не би сакал да ги види Њујорк, Големиот кањон и останатите природни убавини. Се, ама баш се, се врти околу доведување на повеќе туристи во САД.

 

germanija

Германија

Иако Германија е едно од најсилните стопанства и производствени сили во светот, сето тоа може да биде благодарение на фактот дека многу пари се генерираат од туристичкиот сектор, кој понатаму тие пари ги префрла во производството. Доволно е да се спомене Октоберфест, фестивалот на пивото и се е јасно. Германците навистина се успешни во се.

 

kajman

Кајманските острови

Ова е сигурно единствената држава во светот, чие целокупно производство зависи од туризмот. Нема производни активности, само услужен туризам. Сто проценти од БДП доаѓа од туристички дејности. Тоа е земја која е вистински зависник од другите и зависник од увозот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП