16 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов проблем за Грција – извозот опадна

Нов проблем за Грција – извозот опадна

grcijauvozizvoz6546454

Трговскиот дефицит на Грција порасна во првата половина од годината за 9,6 проценти, поради растот на увозот и падот на извозот, соопшти Заводот за статистика во Атина.

Доколку од пресметките се исклучат нафтените производи, растот на трговскиот дефицит, кој достигна 10,6 милијарди евра, изнесува дури 25,3 проценти, наведува Заводот.

Увозот во овие шест месеци, заклучно со јуни, порасна за 1,2 проценти на 23,7 милијарди евра, додека извозот е намален за 4,6 проценти на 13,1 милијарди евра.

Само во јуни, трговскиот дефицит е зголемен за 7,4 проценти на годишно ниво на 1,7 милијарди евра, а доколку не се пресметуваат нафтените производи, дефицитот е зголемен за 32,6 проценти.

Во јуни увозот пораснал за 9,7 проценти на 4,1 милијарди евра, а извозот за 11,3 проценти на 2,46 милијарди евра, но ова е сепак само втор месец по ред во кој е забележан раст на извозот од почетокот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП