20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерот Мицковски најави повеќе инвестиции и бизниси во општина Битола

Министерот Мицковски најави повеќе инвестиции и бизниси во општина Битола

mickovskiminister5

Министерот за привлекување странски инвестиции Горан Мицковски денеска ја посети општина Битола и одржа состанок со градоначалникот Владимир Талески, претставници на локалната самоуправа и бизнисмени.

Мицковски нагласи дека има намера да помогне и придонесе за повеќе инвестиции во Пелагонија.

„Сакам повеќе инвестиции во овој крај, да заживее економијата, да запре миграцијата и да донесеме солидни бизниси. Да ја ставиме Битола на мапата на поголемите бизнис компании од светот“, истакна министерот кој во придружба на градоначалникот Талески ги посети и големата германска инвестиција „Кромберг и Шуберт“ во индустриската зона „Жабени“ која наесен ќе го евидентира 2.000-то ново вработување, како и ЗК „Пелагонија“.

„Нашиот тим работи глобално, според анализите каде што има потенцијал за обезбедување инвестиции и вложувачи би инвестирале тука. Не е исклучена и дијаспората за што водиме разговори со бизнисмени од повеќе држави, а јас лично би сакал да има инвестиции од Австралија, но и од други земји, посочи Мицковски.

Талески потсети на релациите и успешната соработка меѓу општината и Владата за привлекување директни странски инвестиции и за подобрување на инвестициската политика.

„Постигнатите резултати се благодарение на поволностите што ги даваат Владата и општина Битола. Во „Кромберг и Шуберт“ ќе биде прославено двеилјадитото вработување, а наскоро таму ќе почнат со изградба на нова хала за нови 1.500 нововработени. Во ЗК „Пелагонија“ се инвестирани над 17 милиони евра за изградба на гасни централи и фарма, со што се потврди дека имаме услови за инвестирање од страна на странските, но и домашните инвеститори“, нагласи Талески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП