27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПриродниот прираст во вториот квартал 1.039 лица

Природниот прираст во вториот квартал 1.039 лица

group-of-babies-27462-hd-wallpapers

Природниот прираст во вториот квартал од годинава е 1.039 лица. За толку бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2014 година во споредба со истиот период лани е поголемен за четири проценти и изнесува 5.809, а бројот на умрените бележи зголемување од 2,6 отсто и изнесува 4.770 лица од кои 48 се доенчиња.

Склучувањето на браковите во ова тримесечје бележи намалување за 0,1 отсто во споредба со истиот период во 2013-та и изнесува 3.313. Опаѓа и бројот на разведените за два отсто во споредба со истиот период од 2013 година и нивниот број е 538.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП