8 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасправата во Комисијата за финансирање прекината поради тепачка

Расправата во Комисијата за финансирање прекината поради тепачка

rebalans-budzet-rasprava-2014

Седницата на Комисијата за финансирање и буџет на која денеска продолжи расправата по предложениот ребаланс на Буџетот за 2014 година е прекината поради физичка пресметка меѓу пратеници на ДПА и ДУИ.

На физичката пресметка и претходеше дебата меѓу пратеникот Орхан Ибраими од ДПА и Талат Џафери од ДУИ.

Инцидентот го прекина интервенцијата на собраниското обезбедување.

Еден од пратениците побарал и лекарска помош кај докторот во собраниската зграда.

Денеска на Комисијата за финансирање и буџет се разгледуваа амандманите по предлогот кои ги има поденсено пратеничката група на ДПА.

Седницата ја водеше Крсте Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ, а како претставник на Министерството за финансии беше присутен заменик-министерот Ардијан Џеладини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП