3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКаде Microsoft држи 93 милијарди долари

Каде Microsoft држи 93 милијарди долари

microsoft454b5t4

Многу американски компании, благодарениe на меѓународното работење успешно го избегнуваат плаќањето на данок во САД.

Според извештајот на американското здружение „Citizens for Tax Justice “, комапнијата „Microsoft“ во моментов во своите меѓународни подружници држи износ од дури 93 милијарди долари во кеш.

Кога компанијата овие пари би ги повлекла во САД, би морала да плати данок во износ од 29,6 милијарди долари. Само минатата година „Microsoft“ во оф шор дестинациите сокри 16 милијарди долари.

„CTJ“ тврди дека најголем дел од тие пари, според деловниот извештај на компанијата, се на дестинации каде данокот е минимален.

Според проценките на „Microsoft“, кога тие пари би ги преселиле во САД, тие би морале да платат данок по стапка од 32 проценти. Со оглед на тоа дека даночната стапка во САД е 35 проценти и дека од неа се одбиваат претходно платените даноци во странство, заклучокот е дека „Microsoft“ за тој износ ќе плати само 3 проценти данок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП