26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКоњско месо се продавало како говедско и во Бугарија

Коњско месо се продавало како говедско и во Бугарија

20130221-205242.jpg

Бугарија е уште една во низата европски земји кои го потврдија присуството на коњско месо во производи обележани како говедски.

– Резултатите од двете испитувања на производите кои се повлечени од продажба биле позитивни на коњско месо, кое во едниот производ било присутно 80, а во другиот 50 отсто, соопшти бугарската Агенција за безбедност на храната.

Тестовите, кои ги изврши германска лабораторија, се порачани минатата недела, кога 86 килограми „говедски“ лазањи се повлечени од синџир бугарски супермаркети, чие име не е соопштено.

Агенцијата за безбедност на храната денеска ги уништи овие производи, нагласувајќи дека на анализа испратила примероци од уште пет производи.

Коњското месо во производите обележани како говедски е откриено во земјите ширум Европа, а скандалот се прошири и до Хонг Конг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП