20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради Украина намален извозот на Германија

Поради Украина намален извозот на Германија

german-flag-on-the-reichstag

Извозот на Германија во Русија и Украина во првата половина од годината е значително намален поради украинската криза.

До крајот на годината падот на извозот во Русија би можел да достигне 25 проценти, со што ќе бидат загрозени десетици илјади работни места.

Германскиот Комитет за источноевропски економски односи денес соопшти дека извозот на Германија во Русија за првите шест месеци на годишно ниво, е намален за 15,5 проценти, додека извозот во Украина е намален за 32 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Вредноста на нереализираниот извоз во Русија изнесува 2,8 милијарди евра, додека пак загубата од нереализираниот извоз во Украина изнесува 880 милиони евра.

Негативниот тренд, како што се проценува, би можел да продолжи поради санкциите кои Европската унија и Русија ги воведоа меѓу себе.

„Би можело да се случи извозот во Русија до крајот на годината да се намали за 20-25 проценти, со што ќе бидат загрозени 50.000 работни места во Германија“, изјави претседателот на Комитетот, Екард Кордес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП