3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоговорот помеѓу ЕУ и САД да биде јавен

Договорот помеѓу ЕУ и САД да биде јавен

sadeu1

Италија упати писмо до партнерите од ЕУ барајќи деталите од идниот трговски договор меѓу ЕУ и САД да биде претставен во јавноста.

„Објавувањето на деталите ќе донесе поголемо разбирање и свест во јавноста за бенефитот од овој трговски договор“, се наведува во соопштението на италијанското Министерство за економски развој, пренесува агенцијата Франс прес.

Тоа писмо го потпишал и европскиот комесар за трговија Карл де Гухт, во моментот кога Италија претседава со министрите на ЕУ.

Од пред две години, кога започнаа трговските преговори помеѓу ЕУ и САД,  па до денес, воочен е поголем број на антиглобалистички демонстранти на двете страни на Атлантикот, кои предупредуваат дека преговорите се водат зад затворени врати и само во корист на големите корпорации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП