Швајцарскиот фармацевтски гигант „Roche“ стана стопроцентен сопственик на американската компанија специјализирана за производство на лекови за белодоробни заболувања „ InterMunе “.
Договорот за преземање на американскта компанија, која се занимава со биотехнолошки истражуавања, вреди 8,3 милијарди долари, пренесува агенцијата АФП.
Швајцарскиот производител на лекови има намера со преземањето на „InterMune“ да го прошири својот асортиман во поглед на медикаментите за белодробни болести, се наведува во соопштението на компанијата „Roche“.