4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродажбата во Кина го врати Volvo на патот на профитот

Продажбата во Кина го врати Volvo на патот на профитот

Volvo_Cars_Headquarter

Шведската „Volvo“ групација забелажа профит во првата половина од годината благодарение на силното зголемување на продажбата во Кина, како и растот во Европа.

Оваа компанија, која е во сопственост на кинеската групација „Geely“ од 2010 година, и е еден од водечките шведски извозници и работодавци според бројот на вработени, во првите шест месеци оствари оперативен профит од 1,21 милијарди круни (132 милиони евра), додека во истиот период лани забележа загуба од 577 милиони круни, пренесува Ројтерс.

Продажбата на возила на кинескиот пазар во извештајниот период пораснала со двоцифрена стапка, со што овој пазар стана главниот пазар за оваа компанија, пред пазарот во САД.

Приходите од продажбата пораснале за речиси 15 проценти на годишно ниво, достигнувајќи 64,8 милијарди круни.

Компанијата „Volvo“ планира својата продажбата до 2020 година двојно да ја зголеми, на околу 800.000 единици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП