10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Дукат“ привремено ги повлекува од продажба сите млека

„Дукат“ привремено ги повлекува од продажба сите млека

mleko-dukat

Претставништвото на „Дукат“ во Македонија одлучи времено да ги повлече од продажба сите млека од овој бренд што се наоѓаат на македонскиот пазар и покрај тоа што за нив Агенцијата за храна и ветеринарство потврди дека се безбедни и здравствено исправни, односно дека не содржат микотоксини над законски пропишаните граници.

Повлекувањето од продажните места ќе се однесува само на трајните млека. Останатите млечни производи, јогуртите, киселите млека, сирењата, намазите, нема да бидат повлечени зошто, според компанијата, се веќе потврдено проверени.

Следната пратка од кое било од млеката на „Дукат“, која ќе биде испорачана во продажната мрежа во Македонија, покрај сите редовни микробиолошки контроли што се спроведуваат согласно законските прописи и правилници, ќе помине и низ новиот паралелен систем за контрола на присуството на афлатоксин М1 во суровото млеко, што компанијата прва во регионот дополнително го воведува во сите свои производствени капацитети, иако тоа не е законска обврска на млекарниците.

Со тоа, производите на „Дукат“ од новата серија, која за краток временски период ќе биде испорачана на македонскиот пазар, ќе бидат првите и засега единствени двојно проверени и сигурни млека на пазарот.

– Претставништвото на компанијата се одлучи на овој чекор со единствена цел, да ја поврати довербата кај потрошувачите во безбедноста и квалитетот на млеката „Дукат“ и да ги увери дека нема причина да чувствуваат несигурност и страв при нивната консумација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП