26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасправа за акцискиот план и инвестициите во водостопанството

Расправа за акцискиот план и инвестициите во водостопанството

vodabrana

Во организација на Управата за водостопанство на Република Македонија денеска во Битола се одржа регионална расправа за Акцискиот план и инвестиции во македонското водостостопанство за период од десет години.

Станува збор за активности кои се дел од надлежностите на Управата за водостопанство, но овој пат одлучивме да изработиме десетгодишен, долгорочен план за инвестирање во водостопанството и создавање услови за навремено снабдување со чиста и квалитетна вода на сите корисници, посочи Кадир Сали, директор на Управата за водостопанство на Република Македонија.

Тој информираше дека со новиот акциски план е предвидена изградба на големи брани, мали акумулации, рехабилитација и санација на постоечката инфраструктура, како и изработка на финансиски план за потребните трошоци за сите инвестиции.

Очекуваме од водокорисниците и од земјоделците да понудат идеи за содржината на овој документ. Инвестирањето во водостопанството е важен аспект и затоа планираме секоја година да го зголемуваме наводнувањето на површините, да имаме квалитетно производство на земјоделски производи, да имаме помали загуби на вода и сите корисници навремено да бидат снабдени со чиста и квалитетна вода, рече Сали.

Првата верзија на акцискиот план, одобрена од комитетот за наводнување и одводнување, денеска во Битола на јавна расправа ја разгледуваа претставници на водостопанските претпријатија од Прилеп, Ресен, Демир Хисар, „Битолско поле“-Битола, ЈП „Стрежево“- Битола, како и претставници на водостопанските заедници од пелагонискиот регион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП