29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair сака да ја преземе Cyprus Airways

Ryanair сака да ја преземе Cyprus Airways

ryanair5guh

Генералниот директор на нискобуџетната авиокомпанија „Ryanair“ Мајкл Олири отпатувал на Кипар поради преговори со локалната влада за можноста за преземање на загубарот „Cyprus Airways“.

Ирската компанија е една од дваесетте компании, кои минатиот месец изразија необврзувачко интересирање за кипарската авиокомпанија. Оваа постапка е чекор кој и претходи на евентуалната обврзувачка понуда, пренесуваат медиумите.

„Вкулучени сме во процесот и се надевам дека тој ќе се реализира“, изјави Олири додавајќи дека секоја трансакција има за цел раст на компанијата „Ryanair“.

Според предлогот на „Ryanair“, кипарскиот авиопревозник би го задржал своето име и би работел врз основа на посебен сертификат од ирската компанија.

Кипарската компанија исто така би можела да го зголеми бројот на превезени патници на три милиони годишно, од сегашните 600, смета Олири, но одби да изнесе повеќе детали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП