4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе намали невработеноста во Хрватска

Се намали невработеноста во Хрватска

65393235153d8980d93f2d422264582_640x480

Во Хрватска во јули оваа година стапката на регистрираната невработеност е намалена од 18,3 на 17,8 проценти од работоспособното население, што е најниското ниво од август 2012 година.

Во однос на јули минатата година, стапката на невработеност е помала за 0,7 проценти поени.

Во извештајот на статистичкиот Завод се истакнува дека ова е петти месец по ред како стапката на невработеност на месечно ниво се намалува, благодарени на сезонските вработувања, најмногу во туристичкиот сектор.

На крајот на јули во Хрватска бројот на регистрираните невработени лица изнеусвал 296,094, што е за 2,9 проценти или за 8,831 лица помалку во однос на месец јуни. Во спореда со јули минатата година, бројот на невработени е помал за 6,4 проценти или за 20,152 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП