5.Аделаида
Земја: Австралија
Аделаида постигна најдобри резултати во здравството(100) и во образованието(100).
Главни индустриски сектори се здравствената заштита и социјалната помош; професионални, научни и технички услуги; и сместување и храна.
Сместувањето и храната бележат најголеми позитивни промени во бројката на вработени од 2006 до 2011, проследени со здравствената и социјална помош.
4.Торонто
Земја: Канада
Торонто котира високо во образованието(100) и стабилноста(100), но малку пониско во инфраструктурата(89,3).
Дваесет и една од 30-те законски практики, седум од 10-те најголеми сметководствени компании, и седум од 10-те најголеми маркетинг компании во Канада се лоцирани токму во Торонто.
Торонто е исто така главен дизајн центар на Канадската економија и е трет по големина град во Северна Америка по Њујорк и Бостон. Динамичната модна индустрија на Торонто придонесе за зголемување на канадскиот извоз за 550% од 1994 година.
3. Ванкувер
Земја: Канада
Ванкувер има високи резултати во здравството(100), но малку пониски во инфраструктурата(92.9)
Ванкувер е еден од градовите со најактивни старт-ап бизниси.
Ванкувер е трет по големина град со развиена филмска индустрија во Северна Америка.
2.Виена
Земја: Австрија
Виена има совршени резултати кога станува збор за здравството(100), и инфраструктура(100).
Голем дел од работниците во Виена се чиновнички работници, државни службеници и тој процент продолжува да расте. Повеќе од половина од вработените во австриската сервисна индустрија живеат во Виена.
Генерално, најважна и најбрзо-растечка индустрија во Австрија е туризмот.
1.Мелбурн
Земја: Австралија
Мелбурн има одлични оценки во здравството(100), образованието(100), инфраструктурата(100), и стаболноста(95).
Главни индустрии во Мелбурн вклучуваат здравствена заштита, социјална помош, производство и трговија на мало.
Забавни факти: Мелбурн е наведен како културна престолнина на Австралија и местото каде започна австралискиот фудбал.