28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнкета: Што пребаруваат низ Гугл богатите и сиромашните во САД

Анкета: Што пребаруваат низ Гугл богатите и сиромашните во САД

cool-google-backgrounds

Истражување спроведено од Тhe Upshot, сајт на Њујорк тајмс за анализа на новинарски написи, покажува дека Американците пребаруваат преку Гугл во зависност од тоа дали живеат во богати или сиромашни држави од САД.

Резултатите од анкетата, засновани на 10-годишно користење на популарсниот интернет-пребарувач, се навистина интересни.

Во делови од САД каде животот е најтежок, како во Kентаки, Арканзас, Мејн, Њу Мексико и Орегон, главна тема за пребарување се здравствени проблеми, диети за слабеење, религија, видео игри и оружје.

Темната страна на верата побудува посебно интересирање за „антихрист“ и „пекол“ во топ 10 најчесто пребарувани поими.

Во државите кои живеат „покомотно“ – Небраска, Ајова, Вајоминг и голем дел од западниот и источниот брег, жителите најмногу пребаруваат за – фотоапарати, патувања, опреми за бебиња и справи за вежбање.

Заедничко за двете групи се пребарувањата за поимите – Опра Винфри и Супер боул, финален натпревар од првенството во американски фудбал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП