19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто никогаш не треба да правите на работното место

Што никогаш не треба да правите на работното место

TJH_Drinking_1861493-(450)

Начинот на кој што се однесувате на работното место покажува какви сте. Затоа треба да бидете прилично внимателни и да не си дозволите премногу да се опуштите. Еве што никогаш не треба да си дозволите да направите…

Не говорете гласно и не зборувајте за вашиот приватен живот

Работната атмосфера мора постојано да се одржува и гласното говорење не е добредојдено. На тoј начин ги вознемирувате колегите, никој навистина не сака да знае што ви е на ум. Морате да го сочувате почитувањето кое другите го имаат кон вас. Никогаш не ја мешајте работата и личниот живот.

Избегнувајте врска со колегата, а особено со шефот

Романсата на работното место може да биде прилично комплицирана и постојат шанси многу лошо да се заврши. Имајте на ум дека ќе поминувате време со партнерот и на работа и после работа, што може да стане многу непријатно доколку се разделите. Исто така во оваа ситуација и вашите колеги ќе се најдат во непријатна позиција.

Избегнувајте физички контакт со колегите

Можеби сте личност која сака понекогаш да се потпре на нечие рамо, но сфатете дека тоа можеби на некого му пречи. Немојте да бидете нападни, внимавајте несвесниот контакт може да ви нанесе непријатна ситуација.

Никогаш немојте да пиете на работното место

Освен ако не станува збор за некоја прослава на која сите колективно ќе наздравите, но внимавајте и тука треба да имате мерка, не смеете да се опијаните. Алкохолот на работа е најлошото нешто што не смеете никогаш да си го дозволите, така ја губите довербата и кредибилитетот без оглед колкав експерт сте.

Не прикачувајте слики со навредлива содржина

Внимавајте на сликите на вашето биро. Немојте премногу да го персонализирате бирото, тоа сепак е место на кое треба да работите.

Немојте да се облечете несоодветно

Тажна вистина на работното место е дека оделото или облеката навистина го прават човекот. Луѓето ве проценуваат врз основа на начинот на облекување. Кога сте на работа бидете секогаш максимално професионално облечени. Избегнувајте лежерна облека и не доаѓајте оскудно облечени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП