28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛитванија првите банкноти евра ќе ги добие од Германија

Литванија првите банкноти евра ќе ги добие од Германија

money-euro_w520

Литванија првите банкноти евра ќе ги добие од Германија кога на 1. јануари  наредната година ќе стане 19. членка на еврозоната, соопшти денес централната банка на Литванија.

Како што јавува агенцијата Франс прес, централната банка на Германија, Бундесбанк, ќе и позајми на новата членка на еврозоната 132 милиони поединечни банкноти од својот трезор, а оваа пратка се очекува до крајот на оваа година.

„Во 2016 година, кога ќе ги испечатиме банкнотите во печатница акредитирана од страна на Европската централна банка, ќе ги вратиме позајмените пари“, се наведува во соопштението на гувернерот на централната банка на Литваниј Витас Василиаускас.

Во меѓувреме, Литванија со три милиони жители, ги креира своите банкноти евра. Иако еврото како средство за плаќање во еврозоната го користат сите држави, секоја членка има право да избере сопствен национален симбол кој ќе се најде на нејзиното евро. На литванските банкноти евра ќе се најде националниот грб, односно витез на коњ со меч и штит во рака.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП