понеделник, 6 февруари 2023
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Велес продадени 11 плаца за лесна индустрија

Во Велес продадени 11 плаца за лесна индустрија

velesvel121

Изминатата недела во Велес и Велешко на лицитација со електронско јавно надавање продадени се 11 плаца за изградба на погони на мало стопанство.

Како што информира на денешната прес конференција градоначалникот на Велес Славчо Чадиев петте плаца се во населбата Тунел, два во новиот дел на Велес, додека шест парцели се во Индустриската зона Караслари, кои се поголеми по површина и на кои ќе се градат капацитети за лесна и незагадувачка индустрија.

Чадиев информираше дека се продадени и пет парцели во градското подрчачје наменети за домување. Новите сопственици кои дале најповолна понуда ќе добијат маркица за градење на станбен објект за домување.

Чадиев истакна дека меѓу компаниите има и една странска, но оти по законскиот рок од 15 дена за жалба ќе ги соопштат сопствениците и цената по која се продадени.

Најави дека наскоро Општина Велес ќе започне и постапка за нова индустриска зона кај село Мамутчево која на површина од над 40 хектари ќе биде најголема во Велешко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП