Последното, 67. коло на Новолото донесе нов среќен добитник на 6+1 во вредност од 274.168 денари. Добитното ливче е уплатено на 17 август во продажното место Владија во Охрид. Добитникот уплатил 2 комбинации Новолото и 2 комбинации Џокер, се заедно 70 денари.
Годинава имаше двајца добитници на оваа премија. Во февруари, гостиварчанец, беше добитникот на премијата 6+1, вредна 475.411,50 денари во 14. коло, а во април уште еден среќен добитник на оваа добивка во 27 коло со добивка вредна 509.724,50 денари.
Новото 68 коло од Новолото ќе се одржи на 23 август во 20 часот.