3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа што се надева еврозоната?

На што се надева еврозоната?

54444979453f5dcd0c8daf453002652_640x423

Скромното економско закрепнување на еврозоната и понатаму трае, но со темпо кое ветува само занемарлив раст во оваа година.

„Економијата на еврозоната во август продолжи за бележи скромно закрепнување, бидејќи регионот изгледа закрепнал од неодамна објавените послаби резултати од првично очекуваните податоци за бруто домашниот производ на еврозоната“, изјави главниот економист на истражувачката компанија „Маркит“, Роб Добсон, пренесува агенцијата Франс прес.

Индексот за набавката (ПМИ) за производниот и услужниот сектор на еврозоната, кој го пресметува лондонската компанија „Маркит“, во август изнесуваше 52,8 поени, што е под јунските 53,8 поени, но и понатаму е над границата од 50 поени која укажува на зајакнување на секторските активности.

„Благодарение на тоа ниво, еврозоната во третиот квартал би можела да забележи потенцијален раст од 0,3 до 0,4 проценти, кој најверојатно нема да предизвика поголем пресврт на пазарот за труд“, додаде Добсон.

Минатонеделните податоци укажуваа на стагнација на економскиот раст во еврозоната во вториот квартал, при што ниту една од трите најголеми економии од овој блок – Германија, Франција, Италија не регистрираше раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП