Компанијата Хенкел со британскиот производител на стока за широка потрошувачка ПЗ Касонс, склучи договор за преземање на брендови од таа компанија од секторот за детергенти и хемикалии за домаќинство од Полска, соопшти Хенкел.

Аквизицијата е во согласност со глобалната стратегија на Хенкел за понатамошен развој на секторот за детергенти и куќна хемија во централна и источна Европа.
– Ова преземање совршено се вклопува во нашето постоечко делување во регионот на централна и источна Европа и дополнително ќе ја зајакнеме и нашата позиција во Полска и Русија, кои се атрактивни пазари за Хенкел и се наоѓаат во нашите региони на раст – изјави Бруно Пјаченца извршен потпретседател задолжен за секторот за Детергенти и куќна хемија на Хенкел.