Рускатa федерална служба за надзор во областа на правата на потрошувачите и благосостојбата на луѓето наложи привремено затворање на четири ресторани на американскиот „McDonald’s“.
Локалите на американскиот ланец за брза храна се затворени поради бројни кршења на санитарните прописи, соопшти Службата.
На официјалниот сајт на компанијата се појави соопштение за затворање на три ресторани.
Исто така е наведено дека во компанијата се разгледуваат потребните активности со цел што побрзо отворање на рестораните за посетителите.
Службата истакна дека е потребно да се почитуваат барањата за квалитет и безбедност на производите од страна на ланецот ресторани за брза храна „McDonald’s“.
Во врска со тоа Службата пред половина месец започна со планирана испекција на рестораните, по која беа составени 11 извештаи за административни и санитарни прекршоци, а четири од нив резултираа со затворање на локалите.