2 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнува изградбата на фабрика на италијанската компанија „ИТЕК“

Почнува изградбата на фабрика на италијанската компанија „ИТЕК“

izgradbafabrika

Во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово денеска ќе биде поставен камен-темелник на производствен погон на италијанската компанија „Итек“.

Инвестицијата е пет милиони евра и во првите две години се очекува да донесе 150 нови вработувања.

Компанијата се занимава со производство на композитни материјали што се користат во градежништвото, автомобилската индустрија и земјоделството.

На настанот најавено е присуство на премиерот Никола Груевски и на министерот за економија Беким Незири.

Инвестицијата ќе се реализира преку локалната компанија „PRO COMP ADVANCE TECHNOLOGIES“.

Договорот за реализација на инвестицијата беше потпишан во јануари годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар