19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се укинувa роамингот во регионот

Ќе се укинувa роамингот во регионот

miaroaming

Да се укинат романинг цените меѓу балканските држави, договараат регулаторите од Македонија, Турција, Бугарија, Србија и Албанија.

Иницијативата поднесена пред речиси два месеца, се очекува да биде преточена во одлука и да стапи во сила од 1 јануари 2015 година. Во неа се вклучени и БиХ и Косово.

Како што изјави денеска директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Орданоски пред состанокот со своите колеги, законска можност за реализирање на иницијативата постои, само треба да се најдат соодветните правни решенија.

„Додека чекаме пред Европската комисија за прилагодување на нашите роаминг цени кон европските кои се четири до пет пати повисоки, ние, балканските регулатори, решивме да се договориме, билатерално и мултилатерално, роамингот за нашите корисници да се укине, истакна Орданоски.

Укинувањето на роамингот ќе се однесува на сите услуги на мобилните оператори, зборување, смс, интернет,…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП