26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCarlsberg ја намали прогнозата за годишниот профит

Carlsberg ја намали прогнозата за годишниот профит

carlsberg154

Данскиот производител на пиво „Carlsberg“ ја намали прогнозата за годишниот профит и предупреди дека поради економската неизвесност на рускиот пазар може да затвори неколку свои пивари.

Консумацијата на пиво е намалена поради мрачните економски изгледи во одделни делови од Источна Европа, предупредија од „Carlsberg“.

„Поради актуелните макро случувања, расположението на потрошувачите и прогнозата за одделни источноевропски економии, работењето се повеќе е предизвик и е обоено со неизвесност“, порачаа од компанијата.

Во „Carlsberg“ сега очекуваат дека прилагодената нето добивка во оваа година ќе се намали за пет до девет проценти. Досега тие очекуваа раст во висина од два до три проценти.

Прогнозата е врз база на очекуваниот пад на продажбата во Русија за седум до девет проценти, додека во Западна Европа продажбата би требало да стагнира или незначително да се намали. За потрошувачката во Азија се очекува да расте во согласност со 2013 година.

„Со цел да се ублажат некои ризици веќе се направени неколку промени во нашето работење, а во иднина ќе бидат направени уште повеќе во регионот на Источна Европа, вклучувајќи ги и структурните реформи“, најавуваат од компанијата.

„Во нив е вклучена и можноста за затворање на неколку пивари“, додаваат во соопштението.

Компанијата во вториот квартал го зголемила нето профитот, на 2,21 милијарди круни (296 милиони евра), од 2,07 милијарди круни колку што изнесуваше во истиот период минатата година.

Оперативниот профит е зголемен за шест проценти, на 3,6 милијарди круни. Приходите речиси стагнирале и изнесуваа 19,2 милијарди круни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП