19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ подготвена за разговори со Бугарија за Јужен поток

ЕУ подготвена за разговори со Бугарија за Јужен поток

juzen potok bugarija

Еврокомесарот за енергетика Гинтер Отингер ја поздрави вчера одлуката на преодната бугарска Влада да ги спречи сите работи на проектот „Јужен поток“ и изјави дека Брисел е подготвен со властите на таа земја да разговара за нејзиното спроведување, соопшти бугарската Влада.

Соопштението е објавено по состанокот на претставниците на бугарските власти со Отингер и потпретседателот на Владата за економски развој Екатерина Захариева во Брисел.

Бугарското Министерство за економија и енергетика во понеделникот одлучи дека сите работи на проектот за гасоводот „Јужен поток“ ќе бидат стопирани, се додека проектот не биде целосно усогласен со европските прописи.

Министерот за економија и енергетика во преодната Влада, Васил Штонов испрати писмо до Бугарскиот енергетски холдинг, кој контролира 50 отсто од проектот „Јужен поток Бугарија“, додека преостанатите 50 отсто се во рацете на рускиот „Газпром“ и од него побара да да ја обезбеди потребната помош од Европската комисија, со цел проектот да биде усогласен со европското законодавство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП