19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа аеродромите зголемен бројот на патници за над 17 проценти

На аеродромите зголемен бројот на патници за над 17 проценти

120277513ohridaerodrom468

Бројот на патници на двата аеродрома во државата во периодот од јануари до јули е зголемен за 17,2 проценти во споредба со истиот период 2013 година.

Во овој период преку аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезле вкупно 704.563 патници за разлика од 601.345 патници во 2013 година што е зголемување од 17,2 проценти.

Најголем пораст од 39,6 проценти, како што денеска информира Министерството за транспорт и врски, е забележан во април кога на двата аеродрома се евидентирани 107.037 патници во однос на истиот месец 2013 година кога биле превезени 76.653 патници.

На скопскиот аеродром превезени се 668.870 патници, односно има зголемување од 19,9 проценти во однос на истиот период во 2013 година кога се превезени 557.836 патници.

Во првата половина од годинава на двата аеродрома извршени се 7.794 летови, што е зголемување за 9,3 проценти во споредба со истиот период во 2013 година кога имало 7.128 летови.

Во однос на превезено карго (стока и пошта) од двата аеродрома превезени се 1846.43 тони, односно има зголемување од 19,8 осто во споредба со истиот период 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП