25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРезултатите на Heineken подобри од очекуваните

Резултатите на Heineken подобри од очекуваните

HeinekenFactory

Третиот најголем светски производител на пиво, холaнската компанија „Heineken“, во првата половина од годината оствари подобри резултати од предвидените, благодарение на намалените трошоци и растот на продажбата на сите пазари, со исклучок на Централна и Источна Европа.

Во првата половина од годината, „Heineken“ забележа раст на оперативниот профит од 9,6 проценти на 1,454 милијарди евра, додека, според аналитичарите очекуваниот профит изнесуваше 1,367 милијарди евра.

„Heineken“, очекува забавување на растот во втората половина од годината, но и понатаму предвидува дека оперативната маржа за цела 2014 година ќе се зголеми за повеќе од 40 процентни поени, пренесува Ројтерс.

Растот на профитот во извештајниот период е остварен благодарение, пред се, на двоцифрената стапка на раст на продажбата на пазарите во Западна Европа, особено во Франција и Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП