27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЛЕМ ќе отпишува долгови на ранливите категории за топлинска енергија

ЕЛЕМ ќе отпишува долгови на ранливите категории за топлинска енергија

elem 99

АД „Електрани на Македонија“ се приклучи кон акцијата на Министерството за финансии за еднократно отпишување на долговите на граѓаните. Како што соопшти компaнијата, Управниот одбор на компанијата донесе одлука за отпишување на долговите на граѓаните за искористената топлинска енергија испорачана од подружницата на АД ЕЛЕМ, „Енергетика“.

Еднократното отпишување ќе се однесува на долговите за искористена топлинска енергија заклучно со 31 декември минатата година кои не се наплатени подолго од 12 месеци, а за кои е почната постапка за наплата. Правото на еднократно отпишување на долговите може да го остварат само граѓаните кои како должници ги исполнуваат условите од постојниот Закон.

„Со грижата за најранливата категорија граѓани АД ЕЛЕМ ја потврдува определбата на компанијата за општествено одговорното работење и помагање на заедницата“, информираат од АД ЕЛЕМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП