25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОвие работници се бараат во Швајцарија

Овие работници се бараат во Швајцарија

different-workers

На швајцарските компании им недостасуваат квалификувани работници, менаџери и техничари, а секоја трета компанија во 2014 година имала проблеми во пронаоѓањето на соодветен персонал.

Со проблеми во вработувањето за потребните професии во оваа година се соочиле 33 проценти од анкетираните компании (вкупно 752), покажа истражувањето на компанијата „Manpower Suisse“, специјализирана за вработувања.

Швајцарските претприемачи, освен недостатокот на лица од наведените професии, пријавуваат недостаток и на стручни финансиски лица како и возачи.

На шестото место се наоѓаат трговските претставници, откако минатата година тие привремно исчезнаа од оваа листа.

На седмата позиција се хотелските и ресторански работници (осмо место во 2013 година), пред секретарите и административните службеници, кои минатата година беа на третото место.

На деветата позиција се инженерите (седмо место во 2013 година), а на последната позиција се проект-менаџерите кои на листата со дефицитарни кадри не биле од 2010 година.

Главните причини за недостаток на работници од овие професии не се променети во однос на минатогодишните. Компаниите повторно наведуваат недостатокот на специјализираните струки и соодветни сертификати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП