27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ покрај се, Русија успева и расте

И покрај се, Русија успева и расте

rusijan2973ry932yr

Бруто домашниот производ (БДП) на Русија во првата половина од 2014 година е зголемен за 0,8 проценти во однос на истиот период минатата година, покажаа прелиминарните податоци на руската Агенција за статистика Рос стат.

Растот на БДП во вториот квартал изнесувал исто така 0,8 проценти на годишно ниво, додека во првиот квартал изнесувал 0,9 проценти, пренесува Итар тас.

Во периодот јануари-јули оваа година обемот на инвестиции е намален за 2,6 проценти на годишно ниво, а според прогнозата на Министерство за економски развој, падот на инвестиции за цела година ќе изнесува 2,4 проценти.

За првите седум месеци, реалните приходи на населението се зголемени за 0,2 проценти во споредба со периодот јануари-јули во 2013 година.

Просечната месечна плата во јули, според Рос стат изнесувала 32,715 рубљи (908 долари, 678 евра) и во однос на истиот месец минатата година била за 9,4 проценти поголема.

Невработеноста во Русија во јули оваа година остана на нивото од јуни, 4,9 проценти, наведува Итар тас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП